
Денеска и официјално заврши откупот на тутунот од ланската реколта, а од понеделник почнува склучувањето договори за новата реколта.
Не се намалува интересот за тутунопроизводството, но се зголемуваат барањата за повисоки цени…
И официјално, заврши откупот на тутунот. Со преку 26.120 тони се заокружи ланската реколта тутун која, според тутунарите е главно, успешна. Просечната цена од 418 денари е најблиска до она што најмногу нудеа откупувачите.
Од понеделник почнува склучувањето договори за новото производство. Интересот не се намалува, ама се зголемуваат барањата за повисоки цени. Сојузот нуди 510 денари за прва 460 за втора и 400 денари за трета класа. Откупувачите не реагираат на таков предлог.
Битката и за цените и за производството повторно почнува.